Компактен диск (англискиCompact disk), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е прв пат произведено во 1982 и до ден денешен е стандарден медиум за снимање на аудио податоци. Еден аудио компактен диск е составен од една или повеќестерео траки, зачувани со помош на 16 битно PCM кодирање на фрекфенција од 44.1 kHz. Стандардните компактни дискови имаат дијаметарод 120 или 80 милиметри. 120 милиметарските можат да содржат отприлика 80 минути аудио податоци. 80 милиметарските се користат за синглови, и можат да соджат околу 20 минути на аудио податоци. Технологијата на компактниот диск подоцна се адаптира да зачувува и чисти податоци кои се познати како CD-ROM, и вклучуваат метод на единешно или повеќекратно запишување на податоците попознати какоCD-R и CD-RW. Во 2004 годишната продажба на компактни дискови достигна преку 30 билиони дискови.
Компактниот диск е направен од 1,2 мм дебел диск од многу чиста поликарбонатна пластика. Тенок слој на супер чист алуминиум се додава на површината (или во некои случаи злато, со цел податоците да се подолготрајни) за да се направи рефлективна, кој потоа се заштитува со лак. На лакот може да се печати. Податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Секоја вдлабнатикна е одприлика 100 нанометри, длабока и 500 нанометри широка, а во должина може да варира од 850 нанометри до 3,5 микрометри. Растојанието помеѓу траките, може да биде 16 микрометри. Компактниот диск се чита со помош на фокусиран ласер, на бранова должина од 780 нанометри. Разликата во висината помеѓу врежаните податоци, создава фазна разлика помеѓу светлината која се рефлектира од вдлабнатината и околината. Со мерење на овој интензитет на рефлектирана светлина, со помош на фотодиода, се читаат и податоците кои се врежани.
No comments:
Post a Comment