Monday, January 5, 2015

Компакт Диск

Компактен диск (англискиCompact disk), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е прв пат произведено во 1982 и до ден денешен е стандарден медиум за снимање на аудио податоци. Еден аудио компактен диск е составен од една или повеќестерео траки, зачувани со помош на 16 битно PCM кодирање на фрекфенција од 44.1 kHz. Стандардните компактни дискови имаат дијаметарод 120 или 80 милиметри. 120 милиметарските можат да содржат отприлика 80 минути аудио податоци. 80 милиметарските се користат за синглови, и можат да соджат околу 20 минути на аудио податоци. Технологијата на компактниот диск подоцна се адаптира да зачувува и чисти податоци кои се познати како CD-ROM, и вклучуваат метод на единешно или повеќекратно запишување на податоците попознати какоCD-R и CD-RW. Во 2004 годишната продажба на компактни дискови достигна преку 30 билиони дискови.

Компактниот диск е направен од 1,2 мм дебел диск од многу чиста поликарбонатна пластика. Тенок слој на супер чист алуминиум се додава на површината (или во некои случаи злато, со цел податоците да се подолготрајни) за да се направи рефлективна, кој потоа се заштитува со лак. На лакот може да се печати. Податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Секоја вдлабнатикна е одприлика 100 нанометри, длабока и 500 нанометри широка, а во должина може да варира од 850 нанометри до 3,5 микрометри. Растојанието помеѓу траките, може да биде 16 микрометри. Компактниот диск се чита со помош на фокусиран ласер, на бранова должина од 780 нанометри. Разликата во висината помеѓу врежаните податоци, создава фазна разлика помеѓу светлината која се рефлектира од вдлабнатината и околината. Со мерење на овој интензитет на рефлектирана светлина, со помош на фотодиода, се читаат и податоците кои се врежани.

Тврд Диск (анг.Hard Disk)

Тврд диск или (англ. hard disk) е секундарен медиум за трајно меморирање и понатамошно користење на податоци. Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Тврд диск овозможува запишување и читање на податоци со произволен пристап. Капацитетот на складираните податоци се мери со мегабајти и гигабајти.
Работи на принцип на магнетен запис на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и сектори. Просторот меѓу две патеки и два сектори е наречен блок и содржи 512B (бајти). Процесот на поставување патеки и сектори е познат како форматирање.
Капацитетот на еден тврд диск се цени според:
- капацитетот или количината на бајти која може да се запише на дискот;
- брзина на пренос односно количина (број) на бајти во една секунда, кои дискот ги испорачува на централна единица, изнесува околу 5-40МB;
- време на пребарување запис, односно времето од моментот кога централната единица побарува запис до моментот кога започнува да се испраќа првиот бајт од дискот до централната единица. Ова време се мери во милисекунди ms (10-20)
Еден тврд диск има голема меморија и може да собере повеќе работи од едно флопи и со многу поголема брзина.Денешниве твди дискови може да имаат капацитет од 80 ГБ до околу 4Tb.

Општо за надворешната меморија

Надворешно памтење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Со цел да се зачуваат податоците откако личниот сметач ќе се исклучи од напојување, се користат надворешни памтења на кои се запишуваат во логички целини наречени датотеки. Секоја податотека има единствено име. Датотеките можат да се запишуваат на надворешните памтења по потреба да се повикуваат (вчитуваат) во RAM-памтењето на сметачот.
Било каква да е надворешното памтење, таа се сместува во посебни единици за читање и запишување.
Најчести надворешни памтења се: магнетна дискета (анг. floppy diskdiskette), тврд магнетен диск (анг. hard disk), компактен диск (анг. Compact DiskCD), дигитален видеодиск (анг. Digital Video DiskDVD), магнетно-оптички диск, магнетна лента, флеш памтења (анг. flash drive, USB) и во најново време BlueRay диск и високогустински дигитален видеодиск (HD DVD).
Основните карактеристики на надворешните памтења се:
Капацитетот на надворешните памтења (исто како и на внатрешното памтење) претставува големина на памтењето изразено во килобајти - KB, мегабајти – MB и гигабајти - GB.
Просечното време на пристап до податоците е времето потребно да се најде бараниот податок и да се пренесе во внатрешното памтење. Тоа време се изразува вомилисекунди.
Начинот на пристап до податоците на надворешните памтења може да биде директен (магнетни дискови и дискети) или секвенцијален (магнетни ленти, компакт дискови, оптички дискови). Памтењата се поделени на памтечки целини и секоја има единствена адреса. Кај памтењата со директен пристап, механизмот на единицата овозможува директен пристап до секоја памтечка целина. Кај памтењата со секвенцијален пристап до податоците се доаѓа со минување низ сите памтечки целини до местото каде што се наоѓаат бараните податоци, бидејќи памтечките целини се наоѓаат на континуирани патеки.